Apple работи на нов аудио формат што овозможува адаптивно стримање

Корисниците на iCloud што воедно имаат и Apple уред како iPhone или iPad може наскоро да уживаат во својата колекција на музика купена преку iPhone, но во многу повисок квалитет. Зависно од конекцијата дали е 3G или со ограничена брзина, тогаш квалитетот на стримингот ќе се адаптира до оптимално ниво. Постојат гласини дека оваа технологија може да добие свое откривање заедно со iPad 3 на Apple настанот што ќе се случи на 7 март.

Сега за сега, не е познато дали под адаптивно емитување се мисли дека вие ќе можете да симнете ваша музика поставена на iCloud контекстуална со квалитетот на врската, или се работи за директно емитување слично на Spotify каде што целосна копија на музиката не се симнува локално на вашиот уред. Користејки го сервисот iTunes match вие ќе можете да синхронизирате содржина на вашиот iCloud профил и од таму да емитувате музика со новиот адаптивен формат.

Ова е обид на Apple да се бори со ерозијата на квалитетот на музиката која е во дигитална компресирана форма. Ако имаме добра интернет врска на овој начин компресијата може драстично да се намали, и така да ја слушаме музиката како што иницијално била наменета да се слуша без проблеми поради немање доволно простор на мобилниот уред.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments