0 коментари 2 мин. читање 4 јануари, 2019

Windows 10 го помина Windows 7 по број на корисници

Windows 7 има поддршка само уште оваа година, но корисниците сè уште не се подготвени да го заменат. Дури 36,90% од корисниците користат Windows 7, а Windows 10 користат 39,22% од корисниците, вели ArsTechnica.

Податоците доаѓаат од Net Market Share, сервис кој често го користат и производителите на софтвер. Сепак имајќи предвид дека Windows 10 беше бесплатна надградба и оперативниот систем е излезен од поодамна бројките и не се така импресивни.

Секако за дел од најголемите компаниите промените на оперативен систем не се едноставна задача. Но, едно е сигурно, надградбата ќе мора да се спроведе. Во јануари 2020 година, Microsoft ќе ја прекине поддршката за оперативниот систем, и тогаш надградбата ќе биде итна. Секако компаниите се во нешто подобра положба од обичните корисници. Компаниите ќе имаат можност да си платат за продолжена поддршка. Домашните корисници ќе мора да се префрлат на Windows 10 или да останат без поддршка.

Сепак како што видовме и не толку одамна, кога имаше навистина голем безбедносен пропуст како Meltdown и Spectre, компанијата издаде безбедносни закрпи.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top