Во секој компјутер, една програма е задолжителна. Добро антивирусно решение е главната безбедносна порта која ве штити од сите оние кои сакаат да ја загрозат стабилноста на вашиот систем. Многу сопствениците на Windows 10 се задоволни од потенцијалите на Windows Defender, но многумина не сакаат да ја препуштат судбината на нивната безбедност во рацете на оваа алатка и често бараат сигурност во прегратките на некои од платежните антивирусни решенија.
Преку детални анализи и тестови, PCMag го имаат извлечено најдоброто од најдоброто. Во оваа прилика, ние дополнително извлекуваме пет од нив.
1. Bitdefender Antivirus Plus се фали како исклучително добро решение со неверојатни резултати во сите тестови. По цена од 26 долари, PCMag се колнат дека ова е единствениот пакет кој ќе ви треба. Се одликува со ransomware заштита од неколку безбедносни слоеви, управител со лозинки, заштита при онлајн купување, а и приватна, виртуелна мрежа за безбедно сурфање.
2. Како антивирусен продукт, PCMag признаваат дека нема подобар од Kaspersky Anti-Virus. Оваа алатка успеала да произлезе како ултимативниот шампион и да освои совршени резултати на сите тестови. За пофалба се и моќните опции против крадење идентитет, спречување малвер, и маскирани линкови. Алатката чини 30 долари.
3. Webroot се наоѓа високо на листата од неколку причини. Алатката совршено се справила со тестовите за спречување штеточини од најразличен калибар. Одличен штит против фишинг, и рансомвер, а најдоброто од сè, троши значително помалку ресурси до горните два воини.
4. McAfee AntiVirus Plus се прикажува како заштита за секоја Windows, macOS, Android, и iOS направа во вашиот дом. PCMag се задоволни од добиените резултати и импресионирани од бројните бонус опции, како, нова рансомвер заштита, и PC Boost (алатка која би требало да го забрза вашиот компјутер). По цена од 20 долари, може пакетот да го инсталирате на сите ваши уреди, што, само по себе, се наметнува како одлична зделка.
5. Avast Pro Antivirus 2017 е уште една алатка која одлично има поминато на повеќето тестови. На располагање имате и алатка за детален увид во wi-fi мрежите, како и управител за лозинки. Од PCMag, меѓутоа, објаснуваат дека цената од 40 долари е многу висока и дека, за повеќето корисници, и бесплатната верзија ќе заврши добра работа.
За увид во целосната листа, кликнете тука!