1 коментар 2 мин. читање

Windows 10 e успех, и Microsoft има бројки кои го докажуваат тоа

По повеќе лоши години за Microsoft во кои се обидуваше да го промени Windows за десктоп, ниту знаеше што прави со Windows за мобилните телефони, конечно компанијата направи вистински потег и го објави Windows 10. Креирајќи еден оперативен систем за сите уреди не беше најдобриот потег од Microsoft. Полн погодок беше што понуди бесплатна надградба која помогна за брзо прифаќање на Windows 10.

Windows 10 официјално беше пуштен на почетокот на септември, и веќе има 200 милиони уреди кои го користат. Бројот на надградби сега е 400 отсто поголем од префрлањето на Windows 8 и 140 отсто поголем од Windows 7, вели Microsoft. Интересно е што најголемиот дел на нови Windows 10 уреди се активирани од крајот на ноември по божиќните празници. Кога бројките се во прашање најверојатно најважно е дека досега на Windows 10:

  • корисниците потрошиле 11 милијарди часови или 365 милиони часови секој ден;
  • Најмногу забава без сомневање имаат гејмерите кои поминале четири милијарди часови играјќи на новиот оперативен систем.
  • Што се однесува до новите сервиси, Microsoft објави дека на новиот прелистувач Edge корисниците потрошиле 44,5 милијарди минути само последниов месец;
  • на гласовниот асистент Cortana и поставиле 2,5 милијарди прашања од стартувањето;
  • има 30% повеќе пребарување преку Bing;
  • и над 82 милијарди фотографии се прегледани преку апликацијата за фотографии на Windows 10;
  • Дури 60 отсто од корисниците кои купиле нешто од Windows Store се нови корисници кои претходно не ја користеле продавницата за апликации…

Можеби оперативниот систем е во центарот на Microsoft, но по доаѓањето на Сатја Надела компанијата има нова насока. Напорите за заработка од својот софтвер се далеку посериозни, излегувајќи од затворениот систем на Microsoft. Најдобар пример за ова е што мобилните Office, OneNote и Skype ги освојуваат App Store и Google Play. Ваквиот пристап ѝ овозможи на компанијата да се подготви за период од транзиција од десктопи и лаптоп компјутери на таблет и паметни телефони, вели Business Insider.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top