Најголемиот производител на компјутери, Lenovo, ги претстави своите нови лаптопи и хибридните компјутери за 2016. ThinkPad X1 Yoga, ThinkPad X1 Carbon, ThinkPad X1 Tablet, ThinkVision X1, ThinkCentre X1 се дел од серијата која ќе излезе во новата година. Уредите за прв пат официјално ќе бидат презентирани на CES 2016.
Овојпат „ѕвезда“ на Lenovo е модуларниот таблет компјутер Thinkpad X1. Таблетот доаѓа со неколку модули кои можат значително да ја променат намената. Едниот од модулите овозможува подолга работа помеѓу полнењето, поточно батерија со капацитет за дополнителни пет часа работа. Вториот модул е мини проектор, и може да се користи при презентации. Засега последниот модул доаѓа со RealSense 3D камера која може да ја скенира околината и да креира 3Д слика. Сите модули се прицврстуваат на долниот дел од таблет компјутерот. Цената на Thinkpad XI е 900 долари, а дополнителните модули чинат 150 долари за батеријата или додатокот за 3Д моделирање, до 280 долари за додатокот со пико проектор. Уредот ќе биде достапен веќе следниот месец.
Флексибилниот Yoga хибрид овој пат доаѓа со 14 инчен 2560 x 1440 WQHD екран; 16GB RAM меморија; 1TB SSD; шестта генерација на Intel Core i7 Pro, и интегрирана Intel HD Graphics HD520. Цената на Yoga X1 e 1.500 долари, а ќе биде достапен пред крајот на јануари.
Новиот Carbon X1 е најлесниот бизнис ултрабук, вели Lenovo. Хардверот е речиси ист како и на Yoga, со разлика во дизајнот на уредот. Што се однесува до компонентите, процесорот се надградува до Intel 6th-gen Core i7 Pro; дискот е до 1TB SSD; Intel HD Graphics HD520 графичка картичка; и има можност за LTE-A WWAN и WiGig.
Сепак Lenovo не претстави единствено таблет и лаптоп компјутери, ThinkVision X1 е IPS монитор со резолуција 3840×2160. Мониторот е можеби првиот кој доаѓа со USB 3.1 Type C порт, а дополнително има и 4xUSB 3.0 порти.
ThinkCentre X1 е десктоп претставник на X1 серијата. Доаѓа со 23,8 инчен IPS Full HD монитор. Хардверот доаѓа со можност за хард-диск и SSD, куп USB портови; можност за вградување читач на картички; и интегрирана графичка картичка Intel HD Graphics 520.