0 коментари 2 мин. читање 6 април, 2017

Windows 10 Creators надградбата е достапна за преземање

Microsoft ја објави Creators надградбата на Windows 10. Компанијата објави дека ќе започне со надградбата од 11 април, а една недела претходно ќе биде достапна за рачно преземање. Со ова Microsoft се држи до распоредот, а сите кои сакаат, можат веднаш да ја преземат надградбата. За девелоперите е достапен и Windows 10 Creators SDK. Од следната недела надградбата ќе започне и автоматски да се доставува до корисниците.

Creators не е голема надградба, главно е фокусирана на визуелни промени и промени кои ќе им помогнат на корисниците на Surface Studio. Со оваа надградба доаѓа и Paint 3D и надградбата на Desktop Bridge која ќе олесни објавување на Win32 апликации за Windows 10 и Windows Store.

Интересно, ако Microsoft има проблем со фрагменатцијата и најголем дел од компјутерите се со Windows 7, ова не е случај со Windows 10. Компанијата објави дека дури 80% од Windows 10 корисниците се на Anniversary верзијата.

Целата листа на промени, може да ја погледнете тука.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top