Графенот ќе обезбеди чиста вода за пиење на милијарди луѓе

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Лесни, тенки, издржливи и флексибилни екрани; електрични и фотонски кола; медицински, хемиски или индустриски процеси можеби ќе бидат подобрени со користење на графен. Материјалот активно се истражува од 2004 година, а се чини дека сè уште едвај ги „гребнавме“ областите на примена.

Група истражувачи од Универзитетот Манчестер, успеа да креира мрежа од графен. Тоа немаше да биде никаков подвиг доколку научницте не успеаа да ја контролираат големината на порите. Ова овозможува мрежата од графен да се користи како филтер кој ќе овозможи филтрирање и прочистување на солената вода од океаните и прилагодување на истата за пиење.

Ова истовремено е и прв пат да се контролира големината на порите на графенот. Со користење на хемиски дериват графен-оксид, научниците успеаа да креираат пропуслива бариера која може да ја филтрира водата, јави BBC.

Обединетите нации проценуваат дека до 2025 година 1.2 милијарди луѓе или 14% од светската популација ќе има проблем со пронаоѓање чиста вода за пиење. Оваа технологија може значително да помогне. Последното откритие е значителен исчекор и треба да овозможи нови можности за десалинизација на морската вода.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments