0 коментари 2 мин. читање 6 април, 2017

Белоруски хакер: Полесно е да се хакнат изборите отколку eBay

Белорускиот хакер, Сергеј Павлович, тврди дека е полесно да се хакира електронски систем отколку eBay или Citibank, пренесе Guardian.

Еден поглед на криминалното досие на г. Павлович ќе ве убеди дека знае за што работи. На 20 годишна возраст заработувал по 100.000 месечно со крадење пари од кредитни картички. Набргу по 2000 година, стана еден од најпрепознативлите ликови на руското сајбер подземје, а во 2015 година завршил со отслужување на 10 годишна затворска казна.

Тој одбива да зборува за изборите во САД, но тврди дека е полесно да се пробие заштитата на владините сајтови отколку на приватниот сектор.

„Најтешко е да се пробие заштитата на банките, онлајн системите за наплата, центри за обработка, банкомати и комерцијални портали. Тие можат да си дозволат да вработат повеќе квалификувани специјалисти кои го чуваат системот безбеден“, вели г. Павлович.

Па дури и овие системи се подложни на сајбер напади, а г. Павлович тврди дека и самиот бил сведок на некој од најголемите. Ова секако не е изненадување со оглед на тоа дека од 13 години и самиот е сајбер престапник. Најголем дел од триковите и знењето за хакирањето ги добил од онлајн форуми.

Иако не коментира за изборите во САД, сепак додава дека безбедноста на серверите на Демократската партија била ужасна. Секој систем е безбеден колку луѓето кои го сочинуваат. Ако луѓето користат исти лозинки секаде, една фишинг измама може да ја уништи безбедноста на сите профили на корисникот. Ова често важи не само за приватните, туку и за профилите на компаниите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top