0 коментари 3 мин. читање 27 август, 2024

White Day 2: The Flower That Tells Lies излезе за PS5

Од неодамна, PlayStation фановите на хорор игри можат целосно да навлезат во White Day 2: The Flower That Tells Lies! Со невообичаениот корејски хорор и бројните предизвикувачки загатки, White Day: A Labyrinth Named School привлече огромно внимание во 2017 година. Бројните позитивни рецензии на Steam го охрабрија инди студиото Rootnstudio Ltd. долго време да работи на продолжетокот.

White Day 2: The Flower That Tells Lies – Complete Edition излезе за PC во февруари 2023 година, но не успеа да ги импресионира гејмерите на ист начин како и првата игра, извлекувајќи само 46% позитивни рецензии. Ситуацијата на PlayStation е значително поразлична и насловот има 4.48 ѕвездички (од 5), што значи дека бројката од 58 гејмери е релативно задоволна од играта. Дали сме и ние?

Хорор во комплетна форма

White Day 2: The Flower That Tells Lies е хорор авантура во три епизоди. PS5 верзијата е колекција од сите три и е директен продолжеток на оригиналната игра. Три ученика и наставник се враќаат во училиштето за да пробаат да ја разрешат мистеријата поврзана со катастрофалниот пожар. Секоја од епизодите се фокусира на еден од ликовите. На крај, настаните почнуваат да се испреплетуваат еден во друг и да кулминираат во неколку различни краеви.

Ние не ја имаме играно првата игра. Често се наоѓавме во ситуации да посакуваме да ја игравме претходно бидејќи многу работи не се објаснуваат во двојката, а оставаат впечаток дека играчот треба да ги знае. Приказната често скока од една на друга страна, без да ги поврзува работите логички. Како резултат се отвораат бројни прашања кои само го збунуваат и фрустрираат играчот. Овие работи не ни дозволуваат емоционално да се поврземе со приказната. А, кога сме кај фрустрациите, не ни се допадна ни одредени лоши, неразбирливи и двосмислени реченици кои звучеа чудно или целосно непотребно. Многу работи се губат во превод, или остануваат недоискажани.

Што се однесува до самиот гејмплеј, ќе биде потребно да избегнувате најразлични непријатели кои имаат непредвидливи и нелогични правци на движење. Згора на ова, одредени сцени беа слабо оптимизирани и фрејмовите паѓаа побрзо од презреани круши. Поради сите овие работи, тешко ни беше да уживаме во играта. Од друга страна, локациите и загатките се одлично дизајнирани и, во комбинација со импресивните звучни ефекти, пружаат солидно имерзивно искуство. Штета што приказната е хаотична смеса која поставува бројни сопки.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Rootnstudio Ltd.
  • Издава: PQube
  • Жанр: хорор авантура
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезена на: 15 август 2024
Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top