0 коментари 2 мин. читање 20 јануари, 2016

WhatsApp ја укина симболичната претплата од еден долар годишно

Една од најголемите чет апликации WhatsApp сега е потполно бесплатна. Сервисот кој има околу 900 милиони активни корисници, се откажа од претплатата која ја наплаќаше по бесплатната прва година. Причина за укинувањето е да се обезбеди можност на сите корисници да го користат сервисот, но се чини и дека во WhatsApp имаат идеја за нов начин на монетизација. Иако шпекулациите велат дека сервисот нема потреба да се грижи за финансирањето по промена на сопственоста и влез во Facebook.

Досега WhatsApp беше бесплатен првата година за користење, а потоа се плаќаше симболична годишна претплата од еден долар. Првите корисници на iOS ја добија бесплатната верзија порано, откако од апликацијата одлучија да ги наградат за долгогодишната употреба.

„Не радува што може да објавиме дека WhatsApp повеќе нема да наплаќа претплата. Повеќе години баравме од некои корисници да плаќаат претплата по завршувањето на првата година. Но со текот на времето, ни стана јасно дека ова не е најдобар пристап. Многу корисници немаат платежни картички и се грижеа дека нема да имаат пристап до пријателите и фамилијата по овој период“, велат од WhatsApp.

WhatsApp демантираше дека прекинување на претплатата, ќе значи и воведува реклами на сервисот. „Ако мислите како ќе опстанеме, дека ќе дозволиме реклами – одговорот е: не“, се вели во блог постот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}