Microsoft за прв пат сподели дел од техничките спецификации од својот уред за проширена реалност. Компанијата ќе започне да ги испорачува првите HoloLens уреди до развивачите наскоро, вели Брус Харис од Microsoft на презентацијата во Тел Авив, а пренесува Petri.
HoloLens ќе биде потполно безжичен и ќе се поврзе со компјутер преку WiFi и преку Bluetooth, а помеѓу полнењата ќе може да работи најмногу 5,5 часа, иако при интензивна работа HoloLens ќе треба да се полни за 2,5 часа. Овој пат за првпат слушнавме и за ограничувањата на уредот, за кој дел од експертите зборуваа кога кажаа дека презентациите се далеку подобри од реалноста. Така уредот ќе изгледа како да гледатe во 15-инчен екран од растојание од 60 сантиметри. Сепак она што ќе го овозможи уредот е неколку корисници да гледаат во иста работа, и истовремено да разменуваат белешки. Засега нема податоци за кога HoloLens ќе биде достапен за останатите корисници, а цената на уредите за развивачи е околу 3.000 долари.