0 коментари 1 мин. читање 20 јануари, 2016

По глобалниот старт Netflix сега има 75 милиони корисници

Благодарение на глобалното стартување на Netflix, за нешто помалку од две недели видео сервисот ја надмина бројката од 75 милиони претплатници. Дополнително, приходите од 1,8 милијарди долари и заработката од 43 милиони долари ги придвижија акциите на сервисот.

Сепак вистинскиот импакт од глобалното проширување ќе се види во следното тромесечје, првото од 2016 година. Netflix веќе најавува над 30 оригинални содржини кои ќе им бидат достапни на сите корисници.

Netflix неодамна објави дека посериозно ќе работи на блокирањето на содржини до корисниците од региони кои не би требале да имаат пристап, но барем засега нема најава како, кога и дали ќе успее да го спроведе гео-локациското ограничување покрај сите прокси и VPN сервиси.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}