WeTalkIT и Skopje Legal Hackers го претставија својот „Правен калкулатор“ за пресметка на трошоци за правни постапки

во feature, ИТ.МК

„Правен калкулатор“ е алатка која е производ на хакатонот организиран од WeTalkIT и Skopje Legal Hackers. Освен веб верзијата, „Правен калкулатор“ ви е достапна и на iOS и Android.

Станува збор за алатка која е едноставна за користење и треба им помогне на граѓаните да дојдат до ориентациона цена за правни услуги. Можноста корисниците да видат за што сè и колку ќе треба да платат, е одличен додаток за сите корисници. Алатката овозможува пресметка на различни видови правни трошоци вклучувајќи адвокатски и нотарски тарифи, закон за судски такси, тарифа на катастар и останати тарифи кои до сега ви биле комплексни за толкување. Почнувајќи од продажба на недвижен имот, купопродажба со хипотека, сè до присилна наплата на фактури.

“Овие постапки се застапени секојдневно. Сите тие опфаќаат трошоци предвидени во различни тарифници, што претставува пречка за предвидување на тој трошок во буџетот кога се започнува било која од постапките. Затоа решивме да покренеме иницијатива за реализација на еден ваков општествено одговорен проект, за кој колегите од WeTalkIT со задоволство ни излегоа во пресрет. Тие се погрижија технички да ја реализираме оваа иницијатива, која веруваме дека ќе биде од голема помош.“ – велат од Skopje Legal Hackers.

Ако веб алатката е подеднакво корисна за сите, главната намена на апликациите секако не се граѓаните. Најголема корист од апликациите ќе имаат адвокатите кои ќе можат набрзина да направат пресметки кога тоа ќе биде соодветно. Листата засега не е предолга, но калкулаторот овозможува надградба со дополнителни постапки.

„Во иднина ќе се интегрираат повеќе делови од адвокатската тарифа, па адвокатите ќе можат многу лесно, директно на рочиштата да пресметаат колку им се трошоците. За ова ќе им помогнат Android и iOS апликациите за мобилен“, вели Дејан Алексов од Skopje Legal Hackers.

Со оглед на тоа дека задоволството од соработката е взаемно, најверојатно наскоро може да очекуваме уште некој нов хакатон.

“Навистина ни е драго што бевме рамо до рамо со Skopje Legal Hackers при реализација на овој проект. Нè радува што нашата заедница ги мотивираше и инспирираше младите правници да покренат иницијатива за креирање на оваа алатка. Веруваме ќе им биде од голема помош на сите наши сограѓани. Ги охрабруваме сите да ја користат алатката и се радуваме што како IT ентузијасти што овозможивме да се создаде продукт кој ќе придонесе за доброто на
граѓаните”, велат од WeTalkIT

Сите забелешки и идеи за калкулаторот може да ги споделите на Facebook-страницата на Skopje Legal Hackers.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk