Watch Dogs е бесплатна преку Uplay

Watch Dogs вети многу, а испорача малку, како во поглед на графиката, така и во поглед на гејмплејот. Но, тоа не значи дека љубителите на суптилно поразлични GTA алтернативи не би требало да ја играат, особено кога основната верзија дарежливо ви се подарува од издавачите.

За да ја добиете играта потребно е да кликнете тука, да создадете Uplay акаунт или да се логирате со веќе-постоечкиот, да ја прифатите интеграцијата и да го преземете клиентот за преземање, инсталирање и играње на играта. Со оглед на популарноста, многумина корисници беа отсечени од понудата на почетокот на промоцијата, но од Ubisoft се колнат дека таквото нешто повеќе не е случајот и дека, доколку сакате, играта е ваша за преземање без какви било технички проблеми врзани со процесот.

Промоцијата трае до 13 ноември. Сосема неслучајно, Watch_Dogs® 2 и бројните едиции врзани за неа се продаваат со 60% попуст.

Доколку се уште го читате ова, претпоставуваме дека сте поклоник на сè што е бесплатно, па, поради тоа, си земаме за слобода, вака, целосно неповрзано, да ве известиме дека доколку се логирате во Heartstone, ќе можете бесплатно да ја добиете новата легендарна карта Marin the Fox. Не, дека играте Heartstone, но бесплатно си е бесплатно, башка легендарно…. :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk