Hitman Game of the Year edition се прикрадува на 7 ноември со нови содржини и надградби

Откако студиото зад Hitman стана независно, многумина гејмери не знаеја кога и како ќе можат одново да зачекорат во чевлите на еден од најкреативните атентатори.

По се изгледа, IO Interactive не седеле со скрстени раце и од мракот на неизвесноста провлекоа сосема нова едиција на последната Hitman игра која се одликува не само со нови содржини туку и со тектонски надградби во веќе-постоечките системи.

Покрај кампањата од основната игра, Hitman Game of the Year edition воведува и Patient Zero кампања со четири нови мисии, три нови договори, три нови оружја, три нови костими во кои е и кловнот од култната игра Blood Money, како и четириесет предизвици кои се наменети за новата кампања. Овие нови мисии, меѓутоа, нема да се одвиваат на нови мапи, односно нивоа, туку на значително преработени локали од основната игра, низ кои е потребно да спречите ширење на пандемија.

Оние кои сакаат да станат дел од новите авантури на харизматичниот убиец потребно е да доплатат 20 долари за надградба на нивната основна верзија. Комплетната верзија со првата сезона и надградбата, чини 60 долари.

Сопствениците на првата сезона кои не сакаат да ја купат надградбата бесплатно ќе добијат значително подобрување на основната верзија, како редизајниран кориснички интерфејс, подобар систем за опрема, надградени графички ефекти, особено во поглед на светлината, пореалистични звуци и реагирање на нив, реактивација на Elusive мети и соодветна награда за играње на таквите мисии и многу повеќе

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk