Споделување фајлови е значително лесно преку користење на предностите на облак сервисите како Google Drive, One Drive, или DropBox. Но, доколку од некоја (безбедносна) причина не сакате фајловите да бидат на облак туку директно да ги споделите од еден на друг компјутер, ви треба апликација како Syncthing.
Како што напоменавме, Syncthing ви дозволува лесно и ефикасно да споделувате содржини помеѓу два или повеќе компјутери без да користите облак решенија. Syncthing функционира преку вашиот прелистувач, при што постојано ги синхронизира податоците помеѓу поврзаните компјутери.
Откако ќе го покренете програмот и ќе ви се отвори прозорец, едноставно обележете ги фолдерите кои сакате да ги споделите и направите со кои сакате да споделите. Цело време имате увид во процесот на прикачување и преземање податоци, како и искористеноста на меморијата и процесорот.
На располагање имате и апликација за Android оперативниот систем. Преземете ја тука!