Warhammer 40.000: Eternal Crusade стана бесплатна за играње?

Ако има нешто сакаaт издавачките студија на игри, тоа е да си играат со зборот „бесплатно“ и да ја толкуваат дефиницијата онака како што тие сакаат. Резултатот е обично бесплатен, но делумно ограничен пристап или забавено напредување, украсено со занесениот шепот на микротрансакците. Warhammer 40,000: Eternal Crusade дефинитивно подлегнува на таквата дефиниција и, од неодамна исфрли верзија на играта која е бесплатна за играње.

Покрај платежната верзија, Steam сега им нуди на играчите и бесплатна верзија која ви дава пристап до една од петте класи во играта, препратено со тројно побавно напредување. Ова се чини како интересна стратегија за привлекување нови играчи, нешто што очајно и треба на играта. Во случај да ви се допадне виденото, можете да си го надградите искуството со купување 20.000 кредити. Таквата постапка ви отклучува пристап и до останатите четири класи, ве поставува на нормална брзина за напредување, а и ве наградува со уште 20.000 кредити за банката.

Warhammer 40,000: Eternal Crusade излезе на 23 септември 2016 година. Издавачите Bandai Namco сакаа да направат епска игра за мрежни пресметки во култниот Warhammer универзум, но сѐ што успеаја е да исфрлат потпросечна мултиплеер игра која има 52 поени на Metacritic и само 52% позитивни рецензии на Steam. Играта беше осудувана како скап, но релативно празен наслов со бројни проблеми во балансот на гејмплејот и неисполираноста на енџинот. Низ месеците, Bandai Namco пробаат да излезат во пресрет на поголемиот број проблеми, а за тоа колку успеале заклучете сами – нема да ве чини ни денар! Имајте предвид, меѓутоа, дека со оваа транзиција настана хаос на серверите и често се случува да не можете да се конектирате или пак да ве исфрли од редот на чекање.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments