Vuze е 3D VR камера од HumanEyes што е поевтина од 800 долари

Камерите за виртуелна реалност веќе и не се новитет, но најголем дел од нив поради цените или недоволниот квалитет не се интересни за корисниците. Но, HumanEyes успеа со камерата Vuze да креира уред што може да снима VR видео од 360 степени, а сепак да не надмине цена поголема од 800 долари.

Уредот не е наменет за професионална употреба, а основната цел „креирање на 3Д-камера која ќе биде поевтина од 1.000 долари“ е исполнета. За разлика од сличните уреди кои се достапни за половина од цената на уредот, камерата снима во 3Д, а осумте HD камери обезбедуваат стереоскопни 360-видеа со 4К-резолуција и 30 fps. Vuze доаѓа со придружна апликација за iOS или Android, со која што корисникот ќе ја управува камерата. „Камерата е совршена за почетници и за експерти…  Vuze е интересна и за потрошувачите, но и за кераторите на содржини. Во 2Д-категоријата со осумте HD камери наместо стандардните две, нудиме најдобро искуство“ вели Шахар Бин-Ни за TechCrunch.

Претпродажбата е веќе започната, а првите камери ќе бидат достапни наесен. Првиот краток-филм Summertime, снимен со оваа камера веќе е завршен и ќе има премиера на Канскиот филмски фестивал.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk