0 коментари 2 мин. читање 26 септември, 2016

Вториот најголем производител на фитнес додатоци претстави нов уред

Кинескиот производител Huami, кој ја произведува фитнес бразлетната Mi Band на Xiaomi, претстави нов уред, паметен фитнес додаток. Amazefit е паметен уред кој е дизајниран да потсетува на старите алки од жад.

Она што веднаш се забележува е дека Amazefit нема дисплеј ниту бројки кои треба да ве потсетуваат дека треба да вежбате. Целиот фитнес дел е префрлен во апликацијата на телефонот. Oва овозможува Amazefit да биде поубав од најголем дел на конкурентите. Дизајнот овозможува додатокот да се носи на рака или околу вратот.

Уредот има слична функционалност како и Mi Band. Ова значи дека станува збор за педометар, кој може да измери и колку време минувате во цврст сон, а колку во лесен сон. Дополнително апликацијата може да понуди и совети. Mоже да го советува корисникот да пие помалку кафе, вели Метју Хјуз од NextWeb.

Цената на уредот е околу 80 долари, а веќе е достапен на Amazon.

Иако Amazefit е новиот производ, компанијата смета дека паметниот часовник е иднинaта на компаниjата. „Xiaomi алката нѐ потсетува на успехот и на славата, но паметниот часовник ја претставува нашата амбиција за иднина.“, вели Хуанг Ванг од Huami.

Mi Band е вториот најпродаван фитнес додаток во светот. Компанијата има продадено над 20 милиони бразлетни, а по бројот на продадени уреди единствено Fitbit е пред нив. Компанијата е дел од 50 најбрзо развивачки компании во Кина според Forbes.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top