Што сакаат европјаните? Побрз интернет, поевтини разговори и повеќе видеа

во ИТ.ЕУ

Дури 45 отсто од европjаните се подготвени да сменат оператор заради побрз интернет и поевтини разговори, открива најновата анкета на Европската Комисија. Најголемата потреба за побрз интернет е потребата да се гледа онлајн телевизија и за да се одржат домашните бизниси.

Втората најголема желба на европјаните е да имаат поевтини интернационални и национални мобилни повици. Иако Европа почна постепено да ги намалува роаминг цените, сепак за корисниците кои постојано ги преминуваат границите меѓу земјите, роаминг повиците сè уште се скапи.

„Ова е ерата на паметните телефони, каде високо квалитетни мобилни сервиси се неопходен дел на секојдневниот живот. Не е прифатливо за половината од популацијата да си ги ограничува телефонските повици поради цените, и не е прифатливо што единствениот пазар не е поврзан поради овие ограничувања.“, вели еврокомесарката Нели Крус.

Eвропјаните имаат и проблем со лиценците за содржини. Околу 20 отсто од испитаниците велат дека им пречи што некои онлајн видеа или апликации не се достапни за нивниот пазар. Други интересни статистики од анкетата откриваат дека бројот на корисници на мобилен интернет е пораснат од 30 отсто од лани на 44 отсто сега. Со поголем број на корисници, очигледно е дека и желбата за побрз и поефтин интернет се повеќе ќе се зголемува. Во моментов 45 отсто од домаќинствата користат комуникациски пакети кои вклучуваат интернет, телевизија и мобилни, иако 40 отсто од нив се подготвени да ги сменат своите пакети и оператори.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments