Возбудливо е! Првите WiFi хотспотови ги фасцинираа Кубанците

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Без сомневање никој не може да го заборави денот кога прв пат се закачил онлајн. За нас секогаш ќе остане незаборавен звукот на гласниот 56k модем или спорото отварање на слики бидејќи беа „огромни“ еден мегабајт. Тоа беше во 90-тите, иако денес интернетот е апсолутно секојдневие бидејќи го има насекаде. Но, не и во Куба. Таму интернетот е строго контролиран, иако Кубанците сега започнаа да се закачуваат на неколку нови WiFi хотспоти. Доколку се сеќавате на вашата интернет зависност во првите неколку недели, тогаш сигурно ќе ги разберете Кубанците кои седат со часови пред компјуер, со чадори во рацете или скриени под стреи.

Куба е една од ретките комунистички режими во светот кој сака да го контролира интернетот целосно. Иако жителите на Хавана знаејќи ја моќта на технологијата и комуникацијата, сами креираа WiFi мрежа поврзувајќи илјадници компјутери во главниот град, креирајќи локален „интернет“, тој беше нелегален и отсечен од глобалната мрежа. Иако пристапот до Интернет во Куба е прескап, пред се во споредба со стандардот за најголем дел од Кубанците ова е единствениот порзорец кон светот. Еден час интернет чини 2 долари, што е 10 отсто од просечната плата во Куба. Неодамна Куба го доби и првиот целосно бесплатен WiFi интернет пристап, во Културниот центар во Хавана, а хотелите веќе поодамна нудат интернет за своите туристи.

Но, иако Куба сака да го контролира интернетот преку цена, спор пристап и цензура, сепак во последната година властите попуштија и отворија неколку WiFi хотспотови и за жителите на Куба. Неодамна Vice ги посети овие центри и интервјуираа дел од корисниците. Еве дел од нивните изјави. „Ова е мојот прв видео повик со мојата ќерка која живее во САД. Навистина е извонредно, одлично искуство. Неверојатно – можам да ја видам а тоа е многу подбро од разговор, не ми се верува дека колку добро функционира. Се надевам дека ќе продолжиме да го правиме ова, се надевам дека ќе биде поедноставно“, велат Денис и Дејвид.

За Хенри Константин Фереро, активист кој се бори за поголема достапност на интернет во Куба, овие WiFi хотспоти се клучни за земјата да се поврзе со остатокот на светот. „Глобално кажано, мадите Кубанци се на дното, а остатокот на светот е многу повисоко. Но кога живеете во затворено општество не знаете дека сте на дното. Не знаете како живее остатокот на светот. Кога ќе имдадете интернет дури и малечoк WiFi, не ги одлепувате од дното, но им давате можност да видат дека се на дното, и дека ги држат таму. Дали ќе го кренат својот глас и ќе се приближат поблиску до останатите? Се надевам, но ќе ни треба многу повеќе“, вели тој.

За Нелсон пак Интернетот е комплетно ново доживување. До толку ново што не знае што да прави со него: „Слушам за интернет долго време, но досега не сум го користел. Беше забавно искуство и се надевам дека ќе се повтори наскоро. Секогаш знаев за интернет, но досега не можев да го користам. Не знам ниту за што можам да го користам. Знам дека е навистина голем. Сакам да го користам за непто повеќе од разгвор со татко ми, но за што? Не знам што друго има. Ќе морам да откријам. Возбудливо е!“

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments