Eвропските изадавачи влегоа во војна со Google

Avatar img-thumbnail img-circle

во ИТ.ЕУ

Најголемите европски издавачи здружено се обидуваат да го ограничат влијанието на Google во Европа. Компаниите кои доаѓаат од Франција и Германија се најгласни во своето лобирање, а издавачите имаат многу забелешки, вели New York Times. Главна причина за лобирањето против Google е намалениот приход од печатените изданија, по се поизразеното префрлање на дигиталните платформи. Издавачите се обидуваат да пронајдат нов начин на заработка, а еден од нив е можноста за заработка од реклами. Но најверојатно нема да може да се изборат со Google барем во овој сегмент.

Друга можност е поригорозни и повисоки исплати на авторските права, што може да значи дека Google ќе треба да плати за линковите до содржина што ги листа во резултатите. Но, таков обид имаше во Шпанија и Германија, но заврши лошо по медиумите.

За жал се чини дека не е се според одредбите на правото. „Медиумите помагаат да се постават агендите, па политичарите мора да ги слушаат,“ вели Џулија Реда, претставник на Пиратската партија во Европскиот парламент. Google не смета дека ја нарушува можноста за онлајн натпревар и до членовите на комисијата презентира податоци кои покажуваат дека на ниеден од ривалите не му се нарушени правата. „Веруваме дека Google го зголемува изборот на Европските потрошувачи и нуди незаменливи можности за бизнисите од сите големини“, вели Кент Вокер од Google.

Вообичаено кога големите компании се во прашање, штом се појави некаква можност за приговор, се придодаваат сите кои имаат било каква замерка, па Yelp и Microsoft, од поодамна ги поддржуваат жалбите против Google. Сепак Google не е единствената компанија која е во опасност од казни и засилен надзор во Европската унија. Apple и Amazon се меѓу компаниите кои многу брзо можат да му се приклучат на Google, со оглед на тоа дека издавачите долго време се жалат на однесувањето на сите дигитални издавачки платформи. Доколку Европската унија пронајде дека Google нарушува дел од одредбите на региониот компанијата би можела да плати казни во висина од неколку милијарди долари.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk