0 коментари 2 мин. читање 26 јули, 2017

Воведете елементи на преживување во The Witcher 3 со модот Primal Needs

The Witcher 3 знае да биде исклучително предизвикувачка игра, но доколку сакате дополнителен слој на комплицираност, тогаш Primal Needs ќе воведе и високо-прилагодливи елементи на преживување.

Со Primal Needs, Гералд ќе мора да јаде храна, внесува течности, но и одмора. Во спротивно, не би можел да биде целосно ефикасен во битките. Па така, консумираната храна ќе го обновува здравјето, но не со ист интензитет како порано бидејќи примарната цел од таквите активности ќе биде задоволување на гладта. Храната која ја собирате ќе има рок на траење и по неколку денови нема да може да се користи. Што се однесува до консумирање пијалаци, скалата за жед е значително понетрпелива и бара почесто внесување течности. Во спротивно, дехидрираниот Гералд нема да може да може да ја обновува кондицијата. Дополнително, доколку заморот стапи на сила, одредени акции, како трчање, избегнување или блокирање удари, стануваат тешки за изведба, до таа мерка, да доколку сте премногу уморни не би можеле воопшто да трчате.

Сите овие нови статуси се прикажуваат преку не наметливиот дисплеј кој е доволно флексибилен да ви дозволи да ги менувате опциите и степенот на потребите за да можете да осмислите совршен баланс, односно поднослива тежина при играњето. Primal Needs ви стои на располагање на NexusMods.

Други, подеднакво корисни модови за The Witcher 3:

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top