Систем за препознавање на ликови ќе проверува колку ни се допаѓа филмот

Caltech и Disney Research работат на технологија која може да препознае кога на гледачот му се допаѓа некој филм, јави Tech Crunch. Вообичаено за ваква анализа се користи длабоко учење (deep learning), а ова е случај и сега.

Технологијата ќе овозможи поделба на филмот на сегменти и анализа на секој од сегментите одделно. Модeлот кој го претставија Caltech и Disney Research го анализира ликот на луѓето. Според гримасите и мапирање на деловите од филмот, продуцентите ќе можат да проценат како некоја сцена влијаела на гледачите.

Хардверот кој го овозможува ова се инфрацрвени камери со висока резолуција кои можат да ја следат публиката во кино-салите. Камерата истовремено може да следи 16 милиони точки.

Во моментов вештачката интелигенција зад целиот проект е во фаза на тренинг. Ова најверојатно значи дека освен гримасите потребни се и дополнителни податоци од гледачите за тоа дали уживале или не во делови од филмот.

„Разбирањето на однесувањето на луѓето е клучно за развој на систем за вештачка интелигенција кој ќе покаже поголема друштвена интелигенција. На пример, со развој на вештачка интелигенција која ќе се користи за надзор и помош на повозрасни, клучно е да се препознае говорот на тело. Луѓето не секогаш кажуваат дали се среќни или имаат проблеми“, вели Јисонг Јуе од Caltech.

Image courtesy of Caltech

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments