Сингапур без сомневање е еден од најиновативните центри, и еден од лидерите кога автономните возила се во прашање. Веќе неколку години тестираат автономни возила, а сега шведскиот производител на возила, Volvo започна со тестови на автобуси.
Засега Volvo и Сингапур само се договорија дека производителот на возила ќе тестира автобуси во Сингапур, а тестовите ќе започнат подоцна оваа година. Првите тестови на универзитетските кампуси започнуваат најрано за неколку недели, а најдоцна за некој месец. По ова двете страни се надеваат дека тестовите ќе започнат и по јавни патишта. Автобусот кој треба да се тестира има капацитет за превоз на 80 патници. Ова секако е капацитет на возило кое е се користи и во јавен превоз.
Возилото може да патува 25 километри со едно полнење, а може да се наполни за 6 минути.
Сингапур е густо населен и јавниот превоз би можел да му помогне на градот да надмине дел од проблемите со густиот сообраќај. Дополнително, автономните возила можеби ќе ги убедат жителите да започнат да споделуваат превоз, пишува Reuters.
За Volvo ова е прв тест на автономните автобуси. Сингапур се надева дека до 2022 година јавниот превоз во Сингапур ќе биде со автономни возила.
Отвореноста кон иновативни и нови технологии го донесе Сингапур на второ место во светски рамки кога подготвеноста за автономни возила е во прашање.