Microsoft ја прошири достапноста на бесплатен Office за студенти надвор од САД. Па сега бројот на студенти кои можат да се пријават се студентска верзија на пакетот е далеку поголем и е достапен на сите континенти, објави Microsoft на својот блог.
За бесплатниот пакет е потребна валидна студенска имејл адреса со која студентите и учениците можат да се пријават на бесплатниот пакет. Бесплатни пакети се достапни и за наставниците. Покрај Word, Excel, PowerPoint, OneNote, Outlook, Access и Publisher корисниците ќе добијат и 1ТВ слободен простор на OneDrive и пристап до Office Online. Покрај десктоп верзијата која студентите можат да ја инсталираат на 5 PC или Mac уреди, на студентите им се достапни и iOS, Android и Windows-таблет верзии на Office пакетот кои можат да ги инсталираат на дополнителни пет уреди.







