Одлична вест за корисниците на Македонски Телеком. Операторот ја додаде услугата VoLTE и неговите корисници сега може да ја користат за воспоставување на аудио повици преку LTE мрежата.
Предностите на VoLTE се значителни, од подобар квалитет на звук и побрзо воспоставување на повици, до можност за истовремени телефонски разговори и 4G-сурфање на интернет.
Со ова двата мобили оператори А1 Македонија и Македонски Телеком им ја нудат оваа услуга на своите корисници. VoLTE е достапен за постпејд корисниците на A1 Македонија за сите кои имаат соодветен уред. Веројатно најголем недостаток засега е ограничувањето на бројот на уреди на кој VoLTE е достапен. Кај Македонски Телеком услугата е достапна на Samsung S9 и Samsung S9+. Кај А1 тоа се Samsung Galaxy S9 и S10. Двата оператори најавуваат дека наскоро на оваа листа ќе пристигнат и други уреди.
VoLTE е стандард за брза безжична комуникација, генерално е корисна за паметни телефони, но и за сите слични уреди, од преносни компјутери до интернет на нештата. Она што го овозможува е проток на глас, како податок низ LTE мрежата. Со ова во некоја подалечна иднина ќе биде овозможено целосно отстранување на мрежата за стандардни телефонски разговори.
За тоа што е овозможува новата услуга VoLTE наскоро ќе објавиме и поопширен текст.