0 коментари 2 мин. читање 17 јули, 2017

Волонтирај.мк е платформа за сите кои сакаат да ја поддржат омилената иницијатива

Волонтирај е нова платформа/вебсајт за сите кои сакаат да го посветат своето време подобрувајќи ја околината. Сајтот, а и целата платформа е дело на Горјан Јовановски кој е автор и на апликацијата МојВоздух.

Веб-сајтот е замислен да биде центар во кои сите кои се пасионирани за нешто и сакаат да помогнат можат да пронајдат каде тоа најдобро да го направат. Во моментот сајтот евидентира 60 организации и иницијативи каде сите заинтересирани можат да помогнат. Сајтот има и форма каде што секој може да предложи организација.

Секако сите немаат исто мислење за тоа каде треба да се помогне па Волонтирај е поделена на категории. Категориите барем засега се поделени во 9 групи:

  • Бизнис
  • Екологија
  • Животни
  • Здравство
  • Култура
  • Младински активизам
  • Студентски организации
  • Технологии
  • Хуманост

Волонтирањето е активност која најчесто луѓето ја прават без финански надомест. Сепак ова не значи дека нема никаква придобивка, освен што придонесуваат во области кои страсно ги поддржуваат, волонтерите се здобваат и со практични вештини, и поважно го подобруваат квалитетот на живот во својата околина.

Повеќе на Волонтирај.мк

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top