Германскиот производител на електрични возила Volkswagen предвидува дека помеѓу 20 и 25 отсто од продажбата во 2025 година ќе отпаѓа на електрични возила. Компанијата на саемот во Париз го претстави и новиот I.D. концепт автомобил кој ќе биде на продажба од 2020.
Возилото ќе доаѓа со 125kW модуларен мотор и батерии кои ќе овозможуваат со едно полнење возилото да помине помеѓу 400 и 600 километри. Возилото ќе излезе заедно со Golf возилото кое е најавено за истата година.
I.D. концепт на денот на излегување нема да биде автономно возило. Сепак од Volkswagen најавуваат дека 2025 возилото ќе добие софтверска надградба. Дали I.D. ќе биде и првиот автономен автомобил од Volkswagen останува нејасно. Сепак станува збор за паметно возило кое може да добива пратки наместо корисникот.
Компанијата се надева дека до 2025 ќе има продадено над милион електрични возила.

Image: Autodesk VRED Professional 2016 SP1

Image: Autodesk VRED Professional 2016 SP1

Image: Autodesk VRED Professional 2016 SP1







