Кој ги открива тајните на Amazon?

0 коментари 1 мин. читање

Amazon има посериозни проблеми периодов. Компанијата откри дека има вработени кои за паричен надомест ги откриваат доверливите податоци од продажбите. Дополнително, за мито вработените ги бришат и лошите рецензии и отстрануваат забрани од некои корисници.

„Вработените во Amazon мора да имаат висок етички стандарди и секој кој ќе го наруши кодот на работа ќе биде подложен на дисциплинска постапка, вклучувајќи прекин на работа и потенцијални правно и криминално гонење“, вели портпаролот на Amazon.

Компанијата сериозно го разгледува овој случај и врши истрага во компанијата. За својата услуга вработените во Amazon добивале исплати помеѓу 80 и 2000 долари.

Праксата е најчеста во Кина, а Amazon ја истражува уште од мај, јави Wall Street Journal. Изворот на WSJ јавува дека најчесто оваа работа се завршува преку посредници, а на продавачите им помага да дознаат кога некој производи се продаваат подобро.

Amazon објави дека кога ќе ја завршат истрагата и ќе откријат кој сѐ ја злоупотребувал платформата, ќе има казни и забрани за користење.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед