Војската на САД има намера своите војници да ги направи првите киборзи кои ќе бидат поврзани со компјутери, јави Guardian. Иако може да се каже дека повеќето од нас кои сме постојано со технологија во рака сме киборзи; сепак новиот проект на DARPA, Neural Engineering System Design, делува малку посериозно бидејќи целта им да креираат имплант преку кој војниците ќе бидат постојано во контакт со компјутер.
Слична технологија веќе е развиена на пониско ниво и овозможува поврзување на луѓе кои останале без екстремитети со протези, односно вештачки раце или нозе. Она што го развива армијата е технологија со подобар проток на податоци. За реализација на ова DARPА, кои се креатори на Интернет, бара технологија да овозможи отчитување на поединечни неврони за да ја забрза комуникацијата помеѓу војниците и компјутерите.
Иако можноста за управување со огромни роботи во воените зони е застрашувачка, сепак не се само лоши вести. Напредоците кои можеби ќе ги донесе оваа технологија ќе помогнат и во цивилниот дел, па во иднина инвалидите ќе имаат подобри вештачки екстремитети, а поради ова и поквалитетен живот.
Како и да го сфатите проектот, барем засега нема причина за паника поради напади од киборзи. Технологијата е далеку од реализација, а за реална можност за развој треба поголем исчекор во придружните технологии.