0 коментари 2 мин. читање 22 јануари, 2016

Nielsen сега ќе мери популарност на TВ серии преку Facebook

Aналитичарите Nielsen речиси три години го следат Twitter за да ja измерат популарноста на телевизиска емисија преку алгоритми кои ги мерат спомнувањата на Twitter додека трае емисијата. Тwitter се покажа како одличен придружник на телевизијата, бидејќи реакциите и дискусиите се објавуваат во реално време додека трае телевизиската програма. Но, сега во план е во анализата да се додаде и Facebook, a потоа ќе следи и Instagram.

nielsendata

Постови, споменувања и лајкови поврзани со ТВ серии на Facebook ќе бидат броени. Интересно е што нема да бидат броени само јавните активности, туку и објавите на ѕидовите на пријателите. „Развојот на Social Content Ratings ја отсликува определбата на Nielsen за постојано адаптирање на нашиот сервис, за да може да ги реализира потребите на индустријата, како дел надградбата која ќе овозможи мерењето да ги вклучат сите гледачи“, велат од агенцијата.

Дел од гледачите што не се вклучени во анализата на Nielsen не ни поседуваат телевизор, но ако порано ова значеше дека не гледате телевизија, сега може да значи дека корисниците користат интернет и за гледање телевизиска програма. Со оглед на тоа дека последниве неколку години бројот на вакви корисници е во пораст, за да биде релевантен Nielsen мора да пронајде начин да ги избори и овие гледачи, а социјалните мрежи се одлично место за ова.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top