- Кога ќе отидете во менито за „подесување на приватност“ (privacy settings) веднаш ќе ги видите опциите. Имате неколку зададени сет на опции за споделување т.е видливост на вашите информации.
- Прво нешто значајно, а што не е толку приметливо се „Основните информации“ односно информации кои се отворени со цел да ве најдат другите корисници. Кога ќе кликнете на линкот се отвара мени преку кое контролирате дали ќе се појавува вашиот профил при пребарувањето на Facebook, кој може да ви прати покана за пријателство, кој може да ви прави порака, да ги види вашите пријатели, локација и интереси. Сето тоа можете да го ограничите само на вашите пријатели.
- Под основните информации се опциите за автоматско сетирање на приватноста. Со кликање на една од овие три опции Facebook автоматски ви ги мести опциите да споделувате со „Сите“, „Пријатели на пријателите“ и „Само пријатели“. Ќе забележите дека веднаш десно се поместуваат малите точки на соодветните полиња – тоа е приказот на поединелните опции од сетот.
- Постои и „Препорачана“ опција. Сепак доколку сакате вашите постови и фотографии да останат приватни, видливи само од пријателите, тогаш избегнете ја оваа опција, бидејќи Facebook „препорачува“ да ги споделувате постовите и фотографиите со сите т.е целиот интернет.
- Постои и „Прилагодено“ опција. Тоа се вашите актуелни опции.
- Кога ќе го одберете сетот опции кој ви одговара кликнете „Аpply These Settings“
- Под секоја опција стои „Customize settings“ копче. Тука ќе ги најдете сите поединечни опции и ќе можете да си ги наместите секоја поединечно по ваша желба. Пример, сакате да споделувате постови, но не сакате да споделување фотографии каде сте тагирани итн.
- Најдолу има и „Апликации и веб страници“ опција. Со ова опција се местат сите постови поврзани со надворешни апликации, како на пример квизови или игри. Тука ќе ги најдете сите апликации со кои е поврзан вашиот профил, ќе можете да наместите дали статусите од апликациите да бидат споделени со секој итн.
- Во ова мени ќе најдете и опција „Info accessible through your friends“. Ова е доста важно мени бидејќи ја контролира видливоста на вашите информации преку профилот на вашите пријатели.
- Во истото мени се наоѓа и „Instant personalization“ односно одредени партнер сајтови на Facebook ќе можат да прокопаат по вашиот профил и листа на пријатели со цел да ви понудат персонализирано искуство на сајтот. Под персонализацијата се наоѓа „Public Search” опцијата која прави доколку вашите постови се јавни да бидат прикажани во интернет пребарувачите, како Google или Yahoo.
- Под менито за избор на сетинзи се наоѓаат и опцијата за блокирање како и линк до повеќе информации за приватноста на Facebook.
Доколку имате некој совет или трик за местење на опциите пишете ни доле во коментарите.
Subscribe
Login
0 Коментари
Newest