0 коментари 2 мин. читање 22 ноември, 2013

Во САД ќе може да се зборува на телефон додека се лета

Федералната комисија за комуникации FCC наскоро би можела да донесе препорака со која на ќе дозволат користење на телефони во авионите, кога авионот се наоѓа на висина над 3.000 метри, јавува Wall Street Journal.

Регулативата доаѓа по најавата на Европската агенција за авиопревоз која исто така неодамна им дозволи користење на паметни телефони или таблет компјутери доколку ги вклучат своите уреди во “plane”-мод. Правилата во САД би биле и порелаксирани, па корисниците, освен при полетувањето и слетувањето, ќе можат своите уреди да ги користат и за разговори.

Сепак конечната одлука за зборување на авионите ќе биде оставена во рацете на компаниите авиопревозници. Па така се најавува дека Delta Air нема да дозволува разговор во своите авиони, додека во JetBlue се воодушевени до можноста за ре-евалуација на оваа пракса. Превозниците за да им овозможат разговор на корисниците ќе мора во своите авиони да инсталираат опрема која ќе овозможува со телекомуникациските кули на земјата. Само пред еден месец FCC донесе одлука со која користењето на паметни уреди во авионите е дозволено, но исклучиво во „Airplane Mod“ што подразбира и исклучена бежична мрежа.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top