4 коментари 2 мин. читање

Monty Python повторно се заедно; потврдија на Reddit Ask Me Anything

Дека преостанатите членови на Monty Python се подготвуваат за обединување е една од најдобрите вести која љубителите на легендите можеа да ја слушнат оваа недела. Само неколку часа откако се рашири веста, преостанатите членови на Monty Python се појавија на Reddit Ask Me Anything да ја потврдат веста – „Monty Python се повторно заедно.“. Целото лудило започна со твит на Ерик Идл кој на својот профил објави дека монтипајтоновците ќе имаат средба. Резултатите се дека по 30 години групата повторно ќе се појави на сцената во Лондон О2 арената на 1 јули 2014 година. Џон Клиз, Тери Гилиам, Ерик Идле, Тери Џонс и Мајкл Палин се повторно заедно откако во 1983 година групата се распадна по легендарниот филм „Животот на Брајaн“. Дел од нив соработуваа на повеќе проекти, но во полн состав последен пат настапија во 1998 година.

Сепак доколку се надевате на нов филм засега одоговорот е дека нема да има. Можеби доколку се убедат во поддршката од помладата публика ќе го променат своето мислење. „Се надевам. Луѓето велат дека дека децата го сакаат Python, значи сеуште има нешто привлечно. Колку ќе биде прифатено незнам.“, вели Мајкл Палин на прашањето за генерацискиот јаз.

Доколку ве интересира кои скеч им е омилен еве ги скечевите кои ги одбраа:

[youtube]buqtdpuZxvk[/youtube]

[youtube]vWWg5shNWR4[/youtube]

[youtube]DB_lKSNwZZM[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top