0 коментари 2 мин. читање 21 ноември, 2013

Апликација на денот: Instagram конечно пристигна на Windows Phone

Windows Phone корисници радувајте сте! Популарната апликација за споделување фотографии, Instagram, конечно пристигна на мобилниот оперативен систем на Microsoft. WP не е веќе изоставената платформа, туку сега е мејнстрим. Со апликации како Instagram, Vine, Twitter, и можеби наскоро официјален Snapchat, WP конечно е привлечен и за младите мобилни корисници. Според статистики на IDC, платформата има 156 отсто пораст во порачките споредено со ланската година, но сè уште има мал удел на пазарот од 3,6 отсто.

Instagram за Windows Phone e во бета фаза, и доаѓа со Live Tiles кои ги прикажуваат најновите слики на почетниот екран. За жал нема поддршка за снимање на видео, што значи дека корисниците за снимање на кратки gif филмчиња ќе треба да ја користат Vine. Instagram, кој има над 150 милиони корисници, вели дека сакале апликацијата да ја објават што е можно побрзо, па потоа со надоградувања да ги внесат и сите други опции.

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}