Спонзориран текст

Во ⋮IWConnect вработените се секогаш на прво место! Разговор со Дарко Милевски – директор на канцеларијата во Скопје

Спонзорирано од :IWConnect

во Вести, Интервјуа, ИТ Кариера, Спонзорирани

Разговараме со Дарко Милевски кој ја води канцеларијата на ⋮IWConnect во Скопје. Тој со нас ќе сподели како е да се биде дел од ⋮IWConnect семејството, кои вредности се промовираат во компанијата и како тие делуваат на компаниската култура. Дарко ни сподели дека вработените во  ⋮IWConnect се секогаш на прво место. Во продолжение прочитајте го целосното интервју во кое Дарко ќе ви раскаже што сè се случуваше во ⋮IWConnect во оваа 2021 година.

Кој е Дарко и кои се неговите секојдневни активности и задолженија?

Се сметам за ведра, динамична и енергична личност која секогаш бара нови предизвици. Можам да додадам и неуморна личност во поглед на работата но и на домашните обврски. Во приватниот живот сум горд сопруг и татко на две прекрасни деца.

Професионално во ИТ индустријата сум со моето дипломирање на тогаш Електротехничкиот факултет во Скопје, но со компјутерите и програмирањето сум уште од дете. Тоа е нешто што од секогаш ме привлекувало, така низ животот сум се градел и сум ги поминал сите фази од студент, вработен како програмер, тим лидер, па се до денес како раководител (јас не сакам да се кажувам како директор). Покрај секојдневните професионални обврски со развој на бизнис и клиенти, се трудам во канцеларијата на ⋮IWConnect во Скопје да обезбедам убави услови за работа, предизвикувачки проекти, да промовирам тимска работа и дух, како и мотив за учење и развој на нашите вработени. Моја ултимативна цел е вработените секој ден да доаѓаат  на работа со насмевка, желни на нов предизвик и знаење. Но потоа сакам да си отидат дома задоволни и пофалени од нашите клиенти, свесни дека со нивниот труд помогнале некому и го направиле поуспешен и посреќен.

Дарко ни сподели дека вработените и нивната благосостојба им се многу значајни. Дали правите некои специфични активности поврзани со тоа?

Секако, во ⋮IWConnect секогаш се трудиме да делуваме на начин кој придонесува за зголемување на задоволството на вработените. И во таа насока ја градиме нашата корпоративна култура која се заснова на низа вредности кои сите ние ги промовираме и почитуваме. Сметаме дека секој еден вработен треба да е дел од едно наше семејство, дека треба безусловно да си помагаме едни со други и несебично да споделуваме знаење. Работната атмосфера е исто така многу значајна за да секој се чувствува пријатно и задоволно. На секој вработен посветуваме фокусирано внимание. Со секој разговараме и заеднички го дефинираме неговиот развоен план. Што тој смета дека ќе го исполнува, што компанијата има зацртано во својата стратегија за развој, па заедно изготвуваме еден план за развој кој го следиме, во кој има планирана и потребна помош за вработениот, доедукација, сертификација, и секако употреба на наученото во пракса. Но да не е се сведено само на професионалниот развој, сепак сите ние како човечки суштества имаме потреба и од дружење, социјализација па и забава. Во таа насока редовно (пред пандемијата) организираме најразлични компаниски настани. Било тие да се на корпоративно ниво или по канцеларии (по градови), по оддели и по тимови, секогаш изобилуваа со интересни содржини, предизвици и натпревари. Не забораваме да прославиме родендени на интересен и уникатен начин.

Како компанија која е присутна на повеќе локации во Македонија, битно да се напоменат се и посетите по канцеларии т.е. по градови. Имено нашите колеги од Скопје знаат да работат неколку денови во Битола или во Прилеп, и обратно. Добиваме многу позитивни коментари за оваа активност бидејќи тоа претставува одличен начин луѓето да се запознаат подобро, да разменат мислења како на професионален така и на приватен план. Тоа ни помага да градиме една заедничка корпоративна култура и сите да се чувствуваме како дел од оваа наша заедничка приказна.

Што во време на пандемија? Како успеавте да останете во постојан контакт со вработените?  

Навистина ситуацијата со пандемијата беше специфична и моравме да се прилагодиме веднаш. Успеавме да ги префрлиме сите наши настани онлајн и да организираме 8 х ⋮IW Happy Hour настани, 16 х ⋮IW Heroes сесии, за нас неизбежната виртуелна Новогодишна забава, маскенбали, предизвици по пракси, виртуелно издание на Стара нова година и многу други. mВо овој период успеавме да организираме и 30 бесплатни вебинари, да учествуваме на три онлајн саеми за вработување, да бидеме присутни онлајн на 5 предавања на факултети и така натаму. Одлучивме пандемијата и ограничувањата кои ги наметнуваше да не нè спречи во нашите цели да функционираме исто како и претходно и да бидеме присутни секаде, на малку поинаков начин.

Велат дека клучот на успехот лежи во менталното здравје. Колку IWConnect се грижи за здравјето на своите вработени?

Здравјето, и ментално и физичко, се навистина многу значајни за сите ние да функционираме приватно и професионално. Токму поради тоа кај нас на прво место секогаш доаѓаат вработените и секако нивното здравје. Пандемијата за жал на еден или на друг начин делуваше многу на сите нас. Токму поради тоа во соработка со стручни експерти организиравме серија на настани, предавања и работилници посветени на важноста на менталното здравје, пристапот кон проблемите и предизвиците или накратко mindset-от на секој од нас.

Во времето кога се отворија многу дискусии околу Ковид, вакцинацијата, последиците и предизвиците, ние организиравме одлична работилница со др. Даниловски, на која нашите вработени имаа шанса да прашаат се што ги интересира поврзано со Ковид-19. Верувам дека поддршка и разговор со стручни лица во така предизвикувачки ситуации може многу да помогне во одржување или подобрување на менталното здравје на секој од нас. Секако во ова време предизвик беше и за родителите, кои требаа во исто време да бидат и мајки и татковци на своите деца и да ги обавуваат работните задачи. Во една таква атмосфера мора секој од нас да е на ниво на задачата и да помогне на колегата на кого му е потребна помош во одреден момент. За таа цел организиравме отворено предавање на тема родителство и деца, на која имавме многу заинтересирани слушатели и надвор од нашата компанија.

Канцеларијата на IWConnect во Скопје ќе наполни две години и тимот постојано се зголемува. На што се посебно горди?

Овие две години, иако се случуваа во тежок период за човештвото воопшто, за мене поминаа како миг. Навистина сум горд што успеавме да изградиме одличен тим кој постојано се зголемува и работи на различни технологии за светски познати клиенти. Една од најдобрите работи во оваа компанија е можноста постојано да напредуваш и да стекнуваш нови знаења додека работиш со различни технологии. Горди сме што голем дел од нашите вработени се веќе сертифицирани софтверски инженери, секој во областа во која делува и работи. Но покрај работата, ние сакаме и да се забавуваме и да наоѓаме разни начини да ни е поинтересно. Во време на пандемијата тоа беше малку поограничено но сепак како што напоменав надополнуваме со онлајн случувања, а и почетокот на летото успеавме да организираме и еден мал тим билдинг со колегите, заедно во природа. Горди сме што добиваме позитивни реакции од вработените и чувство на припадност кон вредностите кои ги имаме. Периодов организиравме и еден несекојдневен настан каде сите вработени учествуваа во разубавување на канцелариите во корпоративните бои на ⋮IWConnect. Горди сме што градиме култура на постојан развој на вработените, не само на професионален туку и на персонален план. Во таа насока започнавме една традиција да секоја годината подаруваме книги на сите наши вработени за сопствен развој, а потоа дискутираме на теми и дилеми споделени таму. Задоволство ни е што сето ова е препознаено од вработените како нешто што е препознатливо само за нас.

Една од вашите основни вредности е несебично помагање. Дали сите вработени живеат со оваа вредност?

Со гордост ќе речам да. Навистина како компанија и како индивидуалци ја користиме секоја прилика да помогнеме. Неодамна се вклучивме во хуманитарната иницијатива „Ретвитни оброк“ со кои обезбедивме оброци за празникот Велигден за ранливите категории на граѓани. Редовно во годините на назад помагаме на ученици на почеток на секоја учебна година, за божиќните и новогодишни празници и т.н. Во сите овие хуманитарни акции, покрај компанијата, учество земаат и нашите вработени. Со тоа и тие се дел или ја живеат нашата основна вредност за несебично помагање. Имаме планови за поголеми донации во претстојната есен кои се поврзани со една од нашите најголеми заложби, а тоа е борбата за чист воздух, но тоа да го оставиме за подоцна, можеби за следното интервју 😊.

Исто така сакам да напоменам дека редовно организираме и „практикантска работа“ со која сакаме да им помогнеме на студентите да почнат да градат кариера во ИТ, да се стекнат со нови знаења и да ја почувствуваат работната атмосфера, и на крај да градат редовна работна навика. Споменав и дека сме често предавачи на техничките факултети во земјава. Со тоа ние сакаме несебично да вратиме вредноста во нашиот образовен систем и во општеството воопшто.

За крај, кои се идните планови на канцеларијата на IWConnect во Скопје?

Имаме амбициозни планови за раст на канцеларијата. Вложуваме во нови и иновативни технологии, го прошируваме пазарот и клиентите кои во најголем дел ни доаѓаат од САД и западна Европа. Со оглед дека сме мулти-дисциплинарна компанија, нудиме комплетни услуги на нашите клиенти, како во решенија така и во технологии како Application Development (.Net, Java, PHP), Cloud технологии (AWS и Azure), потоа интеграциски сервиси, QA, DevOps, Mobile и секако Data Management и Big Data. За сето ова потребни ни се исклучителни професионалци, експерти секој во своја област, па затоа ние продолжуваме да градиме кадри, но и да го шириме нашиот тим со нови вработувања на амбициозни луѓе желни за знаење и предизвик.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на :IWConnect . IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]
види ги сите огласи на kariera.it.mk