Сега е одлично време да се почестите со Amazon Prime претплатата

За 370 денари месечно, добивате пристап до Prime Video (стриминг на видео содржини како филмови и серии) и Prime Gaming (Twitch, бројни додатоци за игри и цели игри). За сите љубители и на филмови и на игри, ова е исклучително добра зделка.

Моментно, сите претплатници можат бесплатно да извлечат код за Battlefield 1. Кодот се активира на платформата Origin, а играта станува засекогаш ваша. Од 2 август, пак, ќе стане достапен кодот за Battlefield 5. Battlefield 1 е игра од 2016 година, а ги води гејмерите низ пеколот од Првата Светска Војна, додека Battlefield 5, како игра од 2018 година е експлозивен пакет од бројни режими за еден или повеќе играчи.

Имате на располагање уште седум други игри, великани како The Secret of Monkey Island: Special Edition, Batman – The Enemy Within и RAD. Овие игри се инсталираат и играат преку клиентот на Амазон. Од бројни додатоци за во игра, ќе можете да зграпчите до 400 000 долари во GTA Online, нови изгледи за Warframe, корисна опрема за Destiny 2, до 200 долари за Read Dead Online, пакет корисни работи за Valhala, и многу повеќе!

Имајте во предвид дека, доколку се претплатите сега, игрите и дел од додатоците ќе бидат заменети со целосно нови по 2 август што, на некој начин, добивате содржини од два месеци по цена од еден. Сите игри и содржини кои ги отклучувате преку претплатата се засекогаш ваши и се користат и кога не сте претплатени.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

АЛОЗИС КОМУНИКЕЈШНС Д.О.О.Рим, Р.Италија - Подружница Скопје Р.Македонија

Front End Developer

Pece Krstevski

Full Stack Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk