Apple oбјави дека новиот iPhone 4S е нарачан еден милион пати во рок од само еден ден, што го надминува претходникот iPhone 4 кој во еден ден имаше 600.000 нарачки. Ова покажува дека и покрај тоа што најновиот iPhone нема нов дизајн, сепак има интерес за него, и повеќе од сигурно е дека Apple ќе има огромен финансиски приход, а можно е и да биде најпродаваниот iPhone до сега.
„Навистина сме изненадини од неверојатната реакција на iPhone 4S од корисниците.“, вели подпретседателот за Apple маркетинг на глобално ниво, Филип Шилер. Првиот ден секогаш имало најмногу нарачки за секој Apple производ, но таа бројка никогаш не надмина еден милион. Новиот iPhone може да се нарача во САД, Канада, Австралија, Велика Британија, Франција, Германија и Јапонија. Официјалната продажба на iPhone 4S ќе започне на 14 октомври во САД, а до крајот на месецот ќе биде достапен и во скори сите држави од Европска Унија.
iPhone 4S е технички најдобриот паметен телефон до сега на Apple, кој може да се пофали со далеку подобар хардвер од своите претходници, како што е dual-core А5 процесор, подобра батерија со 8 часа време за зборување, 8 мегапиксели камера со поддршка за 1080p видео, како и најинтересната новина личниот асистент Siri.
Коментари
11 коментари
Коментарите се затворени.