Koj го контролира Интернетот? (инфографик)

Avatar img-thumbnail img-circle

во Веб, Свет

Интернет е глобален систем на интерконектирани компјутерски мрежи кои доброволно се поврзани помеѓу себе. Но, иако ова технички значи дека нема сопственик, сепак со Интернетот управуваат повеќе поврзани институции. Од инфографикот на ICANN, во кој се објаснува како функционира регулирањето и управувањето на Интернет, ќе забележите дека контролата врз мрежата ја имаат: цивилниот сектор, приватниот сектор и владите и академски и истражувачки организации, дел од кој се национални, а дел интернационални.

Управувањето е поделено на четири подгрупи:

  • Цивилно општество и корисниците, приватен сектор, влади национални и меѓународни организации, академски и технички заедници –  сите имаат збор во управувањето со Интернетот.
  • Отворена дебата, отворени форуми дебати, разговори и собирање предлози.
  • Интернет стандарди кои овозможуваат интероперабилност на сите мрежи, како: протоколи, форматирање на пораки, шеми и јазици.
  • Хардвер и софтвер, заедно со целата инфраструктура која овозможува функционирање на Интернет. Тука спаѓаат услуги кои овозможуваат прелистување, е-трговија, друштвени мрежи и слично.
Клучните институции кои се грижат за ова управување да биде според правилата се:
  • IAB (Internet Architecture Board) ја координира работата на техничкиот и инжинерскиот развој на IETF и IRTF. Покрај координирањето IAB повремено излегува и со коментар за архитектурата и протоколите.
  • ICANN (Internet Corporation for Assigned Names and Number) е непрoфитна организација од приватниот сектор која ги координира глобалните IP-адреси, протоколите и DNS-root. Помеѓу останатото организацијата ги координира и IPv4 и IPv6 протоколите. Основна задача на ICANN е одржување на оперативната стабилност на Интернет.
  • IETF (Internet Engineering Task Force) развива и промовира стандарди за интернет протокол. Организацијата е поделена во повеќе работни групи, од кои секоја работи на различна тема. Откако ќе заврши со работа, групата се расформира, членови на групите може да бидат сите кои сакаат да дискутираат, со тоа што потребна е уплата од 650 долари за да бидете ставени на мејлинг листата.
  • IGF (Internet Governance Forum) е организација во која се дебатираат отворените прашања околу регулацијата на Интернет. Членови на групата се од цивилен, приватен и владин сектор, а главна задача е собирање на сите чинители и отворање на дебати за управувањето со Интернет.
  • IRTF (Internet Research Task Force), промовира истражување, поставување на долгорочни цели и еволуција на Интернет преку развој на интернет протокол, апликации архитектура и технологија. групата блиску соработува со IETF кои ги остваруваат краткорочните цели. Членовите на истражувачките групи имаат долгогодишни членства што овозможува стабилност во истражувањата. Членови на групата се индивидуи, а не претставници на различни организации.
  • ISO (International Organisation for Standardization) развива и одобрува меѓународни стандарди.
  • ISOC (Internet Society), се грижи околу отвореноста на Интернет и бенефит од мрежата за целиот свет. Има одели во 80 држави. Основна цел на групата е обезбедување на отворен развој, еволуција и корист на Интернет за сите луѓе од светот. Членството на групата е составено од 130 организации и 55.000 индивидуални членства. Организацијата на групата е по сектори организирани по локација и интерес во моментот постојат 90 сектори.
  • RIR (Regional Internet Registries) менаџира со повеќе Интернет ресурси, помеѓу кои IP- адреси за различни региони во светот и AS-кодови. Пет RIR-a се задолжени за различни региони од светот, по еден за: Африка, Американски – САД, Канада, делови од Карибите и Антартикот, Азија-Пацифик – дел од Азија заедно со Австралија и Нов Зеланд, Јужна Америка – Јужна Америка, Мексико и делови од Карибите, и RIPE NCC – Европа, Русија, Блискиот Исток и Централна Азија.
  • W3C (World Wide Web Consortium) креира стандарди кои обезбедуваат отворени веб платформи. W3C е козорциум составен од организации кои се членки а работат на развој на стандарди за World Wide Web. Покрај ова одговорни се за едукација, практична примена, развој на софтвер а служи и како отворен форум за консултација и дискусија.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments