Популарниот VLC плеер сега е достапен за Android, но во бета фаза. VideoLAN, креаторите на софтверот, велат дека VLC може да пушти било кој мултимедијален фајл, уреди, дискови и да стрима преку мрежни протоколи.
Но, бидејќи е во бета, VideoLAN вели дека оваа верзија е наменета за поискусните корисници и хакерите. Верзијата не е стабилна и е поспора од финалната верзија и можно е да „ви го убие мачето, да ви ја уништи куќата или да ја започне мајската апокалипса.“ Заради тоа, треба да се користи на сопствен ризик.
Доколку успеете да го инсталирате VLC за Android ќе може да пуштате локални видеа и аудио, да користите поддршка за преводи и да го местите графичкиот приказ (aspect ratio) и јачината на звукот.