Властите ве шпионираат со италијанските алатки Galileo и Da Vinci

Модули креирани од италијанската компанија Hacking Team се користат од владите
на над 60 држави за шпионирање, јавува Wired. Станува збор за две алатки познати под имињата Galileo и Da Vinci.

Oва откритие доаѓа од два независни безбедносни експерти – Kaspersky Lab од Русија и Citizen Lab од Универзитетот Торонто, Канада. Според нивните истражувања, владините агенции не се пребирливи кога е во прашање оперативниот систем на прислушуваните уреди, па така алатките од Hacking Team можат да се користат за напади на Android, iOS, Windows Phone, Blackberry. Алатките не се користат само за шпионирање на мобилните уреди, дел од нив се наменети за следење на десктоп, лаптоп и таблет компјутери. Сепак модулите имаат најмногу функции кога се во прашање телефоните. Софтверто може да се презема скриншот од екранот, да се разгледуваат имејл пораки, вклучување на камерата и фотографирање, да го вклучи микрофонот и слуша аудио, и да ја следи конекцијата на GPS на телефонот за лоцирање на корисникот.

Kaspersky успеа да пронајде 350 командни сервери низ целиот свет. Најголем број од нив во САД 64, Казакстан 49, Еквадор 35 и Обединетото Кралство 32. Kaspersky успеа да ги пронајде упаствата за модулите и тие покажуваат дека софтверот доаѓа со аплатка која проверува дали нивниот софтвер би можел да биде откриен додека шпионираат. Кај iPhone софтверот не снима постојано бидејќи би можел да се „издаде“ поради значителното намалување на периодот помеѓу полнењето, заради овамикрофонот и камерата се вклучуваат во специфични услови.

Hacking Team тврди дека нивните продукти се користат легално од владите и агенциите низ целиот свет, но Wired во значително долгата листа на прекршоци покажува дека не е баш така. Помеѓу другото потврдено е користењето на софтверот за шпионирање на телевизијата Qatif Today, активистка лоциран во САД кој била гласна во осудата на премиерот на Турција.

[youtube]v1yb-wWwAEQ[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments