0 коментари 2 мин. читање 25 јуни, 2014

Истражувачи направија експериментален процесор со 36 јадра

Научниците на MIT креираа нив експериментален 36-јадрен процесор. Процесорот е составен од „подредени плочки“ кои се повторуваат 36 пати, што овозможува повеќе јадрени чипови да бидат поедноставни за дизајнирање. Тоа што го прави процесорот дополнително уникатен е имплементацијата на „минијатурен интернет“ со кој јадрата комуницираат помеѓу себе.

Идејата е на професорот Ли-Шиуан Пех кој со години заговара дека процесорите со огромен број на јадра ќе мора да имаат структура која ќе наликува на интернет, а секое јадро ќе мора да има сопствен мини рутер, и податоците кои ќе се разменуваат помеѓу јадрата ќе бидат со фиксна големина. Ова овозможува размената на податоци помеѓу јадрата да се врши по повеќе од еден канал, за разлика од сегашната состојба во која при комуникација помеѓу две јадра, јадрата ја користат целата магистрала (BUS). Со оглед на тоа дека во моментов најголем дел од чиповите се со најмногу 6 јадра ова не претставува проблем, но во процесори со повеќе јадра голем дел од времето процесорите би потрошиле чекајќи да се ослободи комуникацијата со другите процесори. Секое од јадрата на вака креираните процесори би имало директна врска со јадрата околу него и посредна врска (преку комуникација со околните јадра) со јадрата со кои не се допира.

По тестирањето на чиповите ќе бидат тестирани на Linux оперативен систен, модифициран за работа на 36 јадрен процесор. Ова ќе овозможи реална оценка на работата на процесорот и споредба со теориски планираната. По овие тестови плановите на процесорот ќе бидат издадени како „open-source“.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top