Владата со јавен повик за првиот дигитален асистент

0 коментари 2 мин. читање

Македонската влада распиша јавен повик за креирање на дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција. Граѓаните ќе можат да му пристапат на системот на својот мајчин јазик и преку некоја од популарните платформи за текст разговор Facebook Messenger, Viber или преку веб-платформа.

https://twitter.com/InFondMK/status/1431178476766339074

Асистентот треба да помогне граѓаните побрзо и во секое време да добијат пристап до различни информации. Истовремено асистентот ќе треба со помош на вештачката интелигенција да предвиди и да понуди персонализирани препораки за секој корисник на услугата. Со оглед на тоа дека одговорите ќе пристигаат од „компјутер“ граѓаните ќе можат да се обратат во секое време и да добијат корисна информација во било кое време.

Дел од услугите кои граѓаните ќе можат да ги побараат од асистентот се: пристап до податоци од јавен карактер; online поднесување на барање за приговор; online доставување на образец.

Асистентот ќе треба да ги замени луѓето во рутинските задачи, но и да овозможи лесна комуникација со човечки агент кога вештачката интелигенција нема да може да пронајде соодветно решение.

Несомнено исклучувањето на шалтери кога тоа е можно, можноста за дигитално вадење на документи и постојана пристапност е добредојдена за сите. Дополнително дигиталниот асистент би требало да ги намали трошоците за обезбедување на услуга. Дел од барањата за изработка на асистентот е и можноста за обраќање на мајчин јазик на секој кој пристапува на системот.

Повеќе информации за асистентот, но и за повикот може да пронајдете на страницата на Фондот за иновации и технолошки развој.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед