Безбедносни експерти, првенствено од Kaspersky, предупредуваат дека лажни Windows 11 верзии се полни со штетни алатки замислени за крадење на вашите лозинки.
Илјадници и илјадници компјутери веќе се инфицирани. Жртвите барале на интернет начини за да преземат Windows 11, не знаејќи, притоа, дека увид во Windows 11, е можен само преку Insider програмата. Лицата обично преземале фајлови со големина од 1.75GB кои, по нивното покренување прикажувале веродостојни инструкции за инсталирање на оперативниот систем. Арно ама, таквите инсталациони пакети содржеле и „дополнителни понуди од нашите спонзори“. Со кликнување на копчето Next, им давате зелено светло за вдомување на бројни алатки за пласирање реклами, штионирање и крадење лозинки.

Истражувачите од Kaspersky објаснуваат дека одредени антивирусни решенија не ги идентикуваат адверите како штеточини и воопшто не ги блокираат. Поголемиот дел од инфицираните компјутери всушност не инсталираат Windows 11.
Windows 11 би требало да се појави пред новогодишните празници. За 11 интересни факти за најновиот оперативниот систем на Microsoft, кликнете тука!