0 коментари 2 мин. читање 3 јули, 2018

Vivo претстави нови сензори за препознавање на вашиот лик

Кинеската компанија Vivo неодамна претстави нова технологија која би можела да биде иднината на отклучувањето на паметните телефони.

Станува збор за 3D скенер кој го отчитува ликот на корисникот и креира дигитална мапа од неговото лице. Потоа оваа мапа се чува на телефонот. Скенирањето за разлика од најголемиот дел од слични технологии е поедноставно. Корисникот го позиционира својот лик во центарот на камерата се врти на едната, па на другата страна. По ова мапата на ликот е подготвена за користење.

Сликата е далеку од идеална, но технологијата засега е во рана фаза. Секако дел од телефоните како Galaxy и iPhone X веќе имаат ваква функционалност, но станува збор за прескапи уреди. Дополнително, Vivo скенира 10 пати повеќе точки. Во зависност од тоа како ќе се развива оваа технологија, во иднина би можеле да ги заменат и лозинките и отпечатоците.

Секако за да се случи ова, технологијата направо треба да биде развиена, а потоа да биде и посигурна и поевтина од она што е достапно во моментов. Со оглед на тоа дека Vivo и не e реномирана компанија, прашање е и дали воопшто технологијата ќе биде развиена, вели Verge.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top