0 коментари 1 мин. читање 3 јули, 2018

Стоп за автоматско надградување на Windows со StopWinUpdates

Преземање и активирање на најновите надградувања за Windows оперативниот систем е исклучително важно и строго се препорачува да не се чепка овој автоматизиран процес. Самата надградба обично допринесува до подобра работа на оперативниот систем и заштита од најновите тактики на бројните хакери. Но, има моменти, ситуации кога едноставно не го сакате автоматско надградување на Windows. Во такви ситуации, потребна ви е алатката StopWinUpdates.

Со StopWinUpdates се што треба е да одберете е кои елементи сакате да ги овозможите, а потоа да го рестартирате компјутерот. Најновата верзија на оваа алатка ги поправа добро-познатите проблеми со Defender алатката која тврдоглаво пркосеше на автоматизираниот процес за надградувања. StopWinUpdates e во пренослива верзија и по првото покренување на апликацијата, ќе забележите дека веќе е наместено за исклучување на Windows Update процесот.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top