Vivid Fallout е пакет од модови кои го претопуваат Fallout 4 во графичко совршенство

во гејминг

Fallout 4 e исклучително убава игра. Дека од убаво има и поубаво сведочи најновиот пакет кој ги обединува најпопуларните модови на Hein84. Доколку сте запознаени со Fallout 4 сцената со модови, шансите се дека сте слушнале за овој талентиран модер. Hein84 ја има направено една од најпопуларните графички модификации за играта. Vivid Landscapes се истакнува како еден од првите модови кои гејмерите го инсталираат за нивната игра. Но, модерот е познат и по бројни други модови кои, комбинирани заедно, значително го разубавуваат вашиот престој во апокалиптичниот пустош. Токму поради тоа, Hein84 реши да ги обедини сите негови модови и да ги понуди преку еден инсталационен пакет.

Како нормално изгледа Fallout 4

Како изгледа Fallout 4 со Vivid Fallout—All in One

Vivid Fallout—All in One е компилација од сета негова работа и финалниот производ нуди подобрувања во дрвјата, како и целокупните предели, згради, патишта и мостови. Текстурите се значително пореалистични, а според модерот, бараат помалку ресурси и не ја отпретуваат графичката карта со ист интензитет како оригиналните текстури на Bethesda. Текстурите доаѓаат во три форми кои се директно врзани за моќта на вашата конфигурација. Имено, од сајтот можете да преземете 1K, 2K или 4K верзија на Vivid Fallout—All in One. Нормално, оние кои имаат помоќна конфигурација и се желни за 4К гејминг во сета слава би требало да одат со тие текстури. Доколку не сте сигурни со што да одите, опцијата Best Choice нуди текстури кои се одличен баланс помеѓу квалитет и издржливи перформанси, а опцијата Best Performance ќе ви дозволи да ги преземете послабите верзии.

Како нормално изгледа Fallout 4

Како изгледа Fallout 4 со Vivid Fallout—All in One

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments