1 коментар 2 мин. читање 29 септември, 2014

Виткањето на iPhone 6 е тешко, покажуваат тестовите на Consumer Reports

Виткањето на телефоните со рака е претерано, и реткост, вели Consumer Reports кој направи сопствен тест за цврстината на iPhone 6 и iPhone 6 Plus, откако Интернетот го преплавија слики со извиткани телефони. Во овој тест беа тестирани и телефоните од конкурентните компании Samsung, LG, HTC, како и претходникот iPhone 5S.

Тестовите се наравени со товар од 25 килограми и покажуваат дека добар дел од сликите каде корисниците ги виткаат своите телефони со рака се претерани. Иако новиот iPhone e полесен за виткање од претходната верзија, тешко веројатно е дека ќе ви успее да го свиткате единствено со употреба на рацете. Тестот покажаа дека: iPhone 6 има пластична деформација при употребена тежина од 31,75 килограми исто како и HTC One M8; iPhone 6 Plus 40 килограми, LG G3 и iPhone 5, 58,9 килограми; најдобро помина Samsung Galaxy Note 3 кој издржа до 68м,3 килограми.

Сепак со оглед на тоа дека станува збор за експеримент со единствено едно повторување, реалноста можеби е далеку од резултатите кои го добија по овој тест. Повеќе за тестовите и слики од изгледот на сите тестирани телефони може да најдете на сајтот на Consumer Reports.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Gostin
Gostin
11 years ago

Разликата е во тоа што тука притисокот на телефонот е врз неговата средина, а таму никој не тврди дека е слаб… Поздрав до љубителите на iBend

Мени
Заедница
Изглед
To top