0 коментари 2 мин. читање 29 септември, 2014

Апликација на денот: Ping е нова мистериозна апликација од креаторите на Secret

Ping е нова апликација од креатор на апликацијата за анонимно споделување Secret, Secret Inc. Ping засега нема премногу опции, а дури и доколку сакате да дознаете нешто повеќе подобро е да ги прочитата коментарите на апликацијата, бидејќи единствен опис кој ќе го добиете од креаторите е дека Ping „ќе ви се допадне“.


Апликацијата овозможува да го прегледатувате интерентеот и мислењата на корисници по случаен избор, актуелни твитови, кој се најактуелните пребарувања, предлози за апликации, филмови кои можете да ги погледате и слично рандом теми. Ping нема премногу често да ве вознемирува со нотификации, туку само до време на време. Засега нема што премногу да правите со апликациите освен да побарате препорака или информација. Доколку судиме по изјавата која Secret ја дадоа на Recode, eдна работа е јасна а тоа е дека, Ping нема да се спои или интегрира на било кој начин со Secret, кој и понатаму останува нивна главна апликација. Апликацијата наводно се адаптира на корисникои и „еволуира“, според основачот Дејвид Батоу.

Ping е веќе достапна на Google Play и App Store.

[youtube]1S-sAI5cQv4[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top